На почетна
English

План за акција 2004

Европа во школо
Овој проект е фокусиран на спроведување на интернационалниот натпревар Европа во школо во Македонија. Европска куќа Скопје беше примена како Македонски Подготвителен Комитет на Европа во школо на 45-тиот состанок на Европскиот Комитет на Европа во школо. Проектот во неколку фази ги предвидува следниве активности:

  • формирање на Македонски Комитет на Европа во школо;
  • организирање на пилот натпревар;
  • церемонија на доделување на награди 9-ти мај, денот на Европа;
  • издавање на брошура со најдобрите дела.

Проектот ќе трае од декември до јуни 2004 година. Со почетокот од септември 2004, Европа во школо ќе функционира како годишен училишен натпревар. Повеќе...

54-та годишнина од Шумановата декларација
Проектот се состои од интернационална конференција и церемонија на која ќе се доделуваат награди на најдобрите дела од натпреварот Европа во школо.
Конференцијата ќе ја возвишува пораката на Шумановата декларација во контекст на Европската унија и Југо-Источна Европа, во присуство на истакнати европски и македонски политичари и претставници.
Што се однесува на церемонијата на доделување на награди, таа ќе ја возвишува европската порака од аспект на младината.
Првонаградените ќе одржат говори преку кои ќе ја испратат својата европска порака на граѓаните на Македонија. На овој начин и постарите ќе имаат можност подетално да се запознаат со европската идеа. Повеќе...

ЦЕИ младински тренинг
Нашата организација беше учесник на 3-тиот ЦЕИ Младински Форум во Варшава. Согласно заклучоците и финалната декларација за Квалитетот и Безбедноста на младите луѓе, Европска куќа Скопје организирира тренинг за Организационен Менаџмент на невладини организации како дел од имплементациониот процес. Повеќе... (Само во Англиска верзија)

Граѓаните за подобра локална самоуправа
Овој проект се занимава со зајакнување на локалната самоуправа во Македонија. Во овој случај ние сакавме да го олесниме спроведувањето на новиот закон за територијална поделеност на Македонија. Ние ќе извршиме истражување во соседна Бугарија за од поблиску да го проучиме нивниот самоуправен систем, со цел да ги презентираме резултатите пред нашите соодветни институции. Проектот ќе трае 6 месеци и ќе биде поделен на 4 фази. Резултатите од истражувањето ќе бидат објавени преку брошурата која ќе ја претставува содржината на истражувањето и клуч на презентацијата. Резултатите ќе бидат искористени за јавна дебата каде приоритет ќе биде прифаќањето на новиот закон и негова имплементација имајќи ја предвид чувствителноста на граѓаните за истиот.

Кампања против дрогата и алкохолот
Главна цел на овој проект е да ги образува младите луѓе за негативните ефекти од дрогата и алкохолот. Проблемот ќе се актуелизира преку агресивна информативна кампања, со која би се постигнало зголемување на самосвесноста на младиот човек за негативните ефекти од користењето на овие наркотични супстанции. Ќе биде објавена и брошура во која ќе бидат потенцирани сите до сега познати негативни ефекти од дрогата. Како есенцијален момент во овој проект го сметаме пријателскиот пристап, за кој сметаме дека ќе ни овозможи поуспешно да му се приближиме на младиот човек. Целна група на проектот ќе бидат средношколците и студентите во Македонија.

Македонија и другите земји кандидати
Ова е работилница која ќе биде организирана со цел запознавање со искуството на земјите, кандидатки за членство во Европската Унија кои ќе бидат примени во унијата во 2004 година. Претставници од овие земји ќе го презентираат своето искуство во врска со економската структура, кое го здобиле во периодот на аплицирање за прием во Европската унија. Добиените резултатите ќе бидат искористени за компаративна студија која пак ќе ја прикаже позицијата на Македонија и другите земји кандидати во процесот на приближување кон Европската Унија.

Sector for European Integration
На почетна
© 2004. Европска Куќа Скопје