Со самото потпишување на рамковниот договор во Охрид, се појавија и многу дилеми во врска со содржината, текстот и имплементацијата на истиот. Како побитно студентите беа многу слабо запознати со содржината, текстот и имплементацијата на овој договор. Информациите кои секојдневно можат да се добијат на овака или онака приклонетите медиуми придонесуваат да се зголеми степенот на конфузност во врска со исходот на овој договор. Со пристапувањето кон промена на Уставот согласно рамковниот договор, незадоволството кај студентите се искачи на многу повисоко ниво.
Сметавме дека организирање на трибини т.е. отворени јавни расправи на тема рамковен договор ќе придонесат за запознавање на студентите со фактичката состојба во врска со овој договор, т.е. перспективите со неговото имплементирање.
Трибините на тема: Перспективите на рамковниот договор за мир се одржаа во периодот од 15-28. 09. 2001 г. Во четирите Студентски домови во Земјата.
Беа ангажирани медијатори т.е. функционален тим од четири стручни предавачи кои со својот кредибилитет високо котираат ва студентските кругови. Настојувавме и работевме на што поголемо информирање на студентите за одржувањето на трибините преку дистрибуција на флаери и лепење на плакати.
Најголема заинтересираност за дискусија предизвикаа следноте точки :
Улогата на меѓународните посредници
Дефиницијата : Договор за мир
Уставните промени
Новиот закон за територијална поделба
Службен јазик и јазик во службена употреба
Референдумот
Амнестија на терористите на ОНА
Етнички заедници
Легални форми на граѓански отпор
Воведување на внатрешни граници
Попис на населението и др.
Значи можеме да заклучиме дека од вкупно сместени 2660 студенти на трибините учествувале околу 425 студенти што преставува 16 %. Овие бројки можат да се земат како репер за минималниот процент на заинтересираност на студентите за темата на дискусиите земајќи го во предвид и фактот дека ограниченоста на просторот во повеќето студентски домови на дозволуваше побројно учество на студентите ви дебатите.