На почетна
English

54-та годишнина од Шумановата декларација

Интернацоналната конференција и церемонијата за прогласување на првонаградените од натпреварот Европа во школо во Р.Македонија се одржа во Гимназијата „Јосип Броз Тито”,
на 8 мај 2004 година, по повод „Денот на Европа”.

Обединета Европа - Од идеја до реалност
Во програмата, со излагање на тема „Обединета Европа - Од идеја до реалност”, зема учество Амбасадор Јован Теговски – Советник за односи со ЕУ во Министерство за надворешни работи. Амбасадорот Теговски во својот говор ја презентираше идејата за Европската Унија од нејзините почетоци па се до последното проширување. Објасни дека патот, до финалната цел, кој го предвидел Роберт Шуман бил исполнет со потешкотии, меѓутоа справувањето со нив придонесува за нејзино зајакнување. Денес Европската Унија денес претставува едно големо семејство кое од ден на ден станува се поголемо и се поцврсто. Во излагањето, Амбасадорот Теговски, ги презентираше чекорите кои Република Македонија ги направи во минатото за приближување кон Европската Унија. Кажа дека целта е позната, само треба да се помине низ макотрпен пат за да ја оствари.
Излагањето беше проследено со презентација.

Излагање - Амбасадорот Донато Киарини
Амбасадорот на Делегација на Европска комисија во Р.М. Г-дин Донато Киарини во своето излагање го нагласи значењето кое го имаат младите во процесот на градење на Европската Унија. На присутните средношколци им објасни колку е важна нивната улога во процесот на евро-интеграција на Република Македонија.

Европа во школо - Кон европско граѓанско образование
Следуваше презентација на Генералниот Секретар на Европска куќа Скопје, Тони Масевски за проектот „Европа во школо”, и неговото имплементирање во Р.Македонија.
Излагањето беше проследено со презентација.

Наградите на победниците им беа врачени од страна на Каролина Гочева.

Приредбата беше збогатена со изведба на две музички нумери од хорот при ДСУ„Панче Арсовски” и изложба на фотографии од Срѓан Јаниќиевиќ.

Sector for European Integration
На почетна
© 2004. Европска Куќа Скопје