На почетна
English

Стратешки определби 2004-2006

Евро-интеграционен процес
Македонија е земја која постигна конзенсус во врска со членството во Европската Унија. Да, ние сакаме да станеме дел од обединета Европа! Европска куќа Скопје темелно ќе се ангажира во промоцијата на овој процес. Нашата идеа е преку серија на работилници, кои ќе се одржат во предприемниот период, да собереме искуства од новите полноправни членки на Европската Унија . Секоја од работилниците ќе разработува различни аспекти од предприемниот период, како што се: производството, економската структура, know-how работите, образовна структура, регионалната соработка и развој, пазарна интеграција итн. Серијалот ќе стартува во ноември 2004 година.

Образование
Целна група во оваа област се младите во Р.Македонија. Интернационалниот проект Европа во Школо ќе биде спроведен во Македонија во периодот на првата половина од оваа година. Започнувајќи од септември 2004 година тој ќе се одвива секоја учебна година координирано со временската рамка поставена од Европскиот комитет на Европа во школо. Ние ќе го прошируваме овој проект постепено и тоа на географско и на содржинско ниво. Паралелно со овој натпревар на младината секоја година ќе и се претставува различна социјална аномалија, соодветна на актуелниот проблем за таа година, во полза на нивна заштита од истата.

Одржлив развој
Одржливиот развој е секогаш во пропорционален однос со оние прашања кои се важни за просперитетот на Македонија во целост, како што е процесот на децентрализација. Оваа година ќе се фокусираме на овој проблем преку презентирање на околностите на истиот во соседна Бугарија, за кој ќе се запознаеме преку соодветно истражување во оваа земја. Овој предмет е опфатен со проектот Граѓаните за подобра локална самоуправа со кој ние сакаме да придонесеме за имплементирање на овој закон.
Претходните искуства покажаа дека проблемот на донесување на закон во Р.Македонија е значително помал од проблемот за негово имплементирање.
Во наредните години го планираме истото истражување, но на пошироко ниво, со што ќе бидат опфатени и други земји со статус еднаков на оној на Бугарија.

Култура и промоција
Евро Културен Клуб претставува интеграционен процес кој го опфаќа вистинското значење на поимот „Куќа на Европа“. Овој проект ги содржи следниве елементи
  • Библиотека во која ќе има литература за Европските процеси, Европската Унија, Европските институции, Меѓународните организации итн. Библиотеката ќе обезбеди бесплатно членство за сите што се заинтересирани за оваа литература;
  • Читална на услуга на библиотеката;
  • Интернет пристап - неколку компјутери за таа цел на располагање на членовите на овој клуб и други заинтересирани граѓани;
  • Кафетериа - место каде ќе се понудат многубројни европски дневни весници и удобно место каде покрај добро кафе истите би биле читани.

Имаме идеа за формирање на телевизиско шоу, фокусирано на европски теми, во кое ќе бидат прикажани разговори и дискусии со соодветни домашни и странски гости.
Годишната прослава на Денот на Европа, 9ти мај, е веќе долгорочна и постојана идеа. Настанот ќе биде организиран во соработка со други заинтересирани страни со кои координацијата и кооперацијата ќе бидат на високо ниво.

Соработка
Планираме да поднесеме барање за прием во задницата FIME – Интернационална федерација на европски куќи. Наша цел е да бидеме полноправна членка на интернационалното семејство FIME. Привременото членување ќе започне во 2004 година.

Sector for European Integration
На почетна
© 2004. Европска Куќа Скопје