На почетна
English

Почитувани посетители ,

Европска Куќа Скопје е здружение на граѓани оформено по иницијатива на граѓаните за остварување на своите интереси преку реализација на своите активности. Европска Куќа Скопје е невладина и непартиска организација отворена за јавноста и за секој граѓанин кој придонесува за промоција на Европските вредности во Република Македонија и афирмирање на македонските вредности и култура надвор од Македонија.

Главна цел на нашата организација е афирмација и промовирање на Европската идеја во Република Македонија. Процесот на имплементација опфаќа реализација на проекти за информирање на јавноста за процесот на Европска интеграција, образование, одржлив развој на Република Македонија, култура, промоција и соработка.

Во понатамошните содржини на оваа страница може да најдете повеќе информации на овие теми.

Срдечно,
Тимот на Европска Куќа Скопје


Цели и задачи
Европска Куќа Скопје е невладина организација основана 1999 година да работи на исполнување на следните цели и задачи:

  • Афирмација на Европските идеи во Македонија;
  • Претставување на Македонската култура и национална историја во Европа;
  • Информирање на Македонските граѓани за процесот на Европска интеграција;
  • Заштита, промоција и развој на човековите права и слободи;
  • Промовирање на мултикултурно разбирање, толеранција и дијалог со останатите Европски земји и нации;
  • Соработка со Европските организации и институции;
  • Организирање состаноци со Европски претставници и претставници на Македонските организации и институции;
  • Јакнење на комуникацијата помеѓу граѓаните и владините институции;
  • Помагање во унапредувањето на државните институции со реализирање на проекти;
  • Организирање интернационални конференции, тркалезни маси и дебати за промовирање на Европските идеи;
  • Издавање книги и брошури со цел да се објаснат индивидуалните аспекти на Македонија во процесот на Евро-интеграцијата;
  • Организирање студентски и експертски програми за размена и меѓународни случувања со цел да ги запознаеме подобро Европските институции и процеси.

Мисија, Визија, Интенција, Обврска и Принципи
Нашата:
ВИЗИЈА Е – Македонија како рамноправен член Европската Унија;

МИСИЈА Е – Промовирање на Европските вредности; унапредување и развој на цивилното општество, демократските процеси на уредување, одржлив развој на локалните заедници и промовирање на нова култура на промена, конфликт менаџмент;

ИНТЕНЦИЈА Е – Подржување на мирното решавање на конфликти помеѓу индивидуи и заденици; промовирање на идеата за праведност и спротивставување на секаков вид насилство; унапредување и развој помеѓу граѓаните и заедниците од Македонија и светот; развој на невладиниот сектор во Македонија; јакнење на комуникацијата помеѓу граѓаните и владините институции; почитување на човековото достоинство и спротивставување на кршењето на човековите права;

ОБВРСКА Е – Артикулација и развој на вредностите на цивилното општество; развој на одржливи НВОа, развој на одржливи локални заедници; развој на отворен форум на граѓани и организации (на локално, регионално и национално ниво) со цел водење дијалог, размена на информации, унапредување на меѓусебното разбирање, солидарност, соработка и комуникација;

ПРИНЦИПИ СЕ – Инвестирање во човековите знања и способности како ефикасен начин за институционален развој и промовирање на промените; тренингот е средство за јакнење на капацитетот но исто така и за промена на однесувањето и стимулирање иницијатива на ниво на заденица; соработка и експертска размена на регионално и национално ниво се ефикасен начин за учење од меѓусебните успеси и неуспеси; процес на интерактивно решавање на проблемите гради партнерства и спречува конфликти; автономни и финансиски моќни и активни локални општини се основа на демократијата; ефективни и ефикасни општини се круцијални за промена на менаџментот и процесот на локалниот развој; за ефикасно и ефективно локално управување најважно е знаењето и способноста, повеќе од капиталните инвестиции.

Работни методи
Европска Куќа Скопје е напартиска организација која е отворена за секој кој придонесува за промовирање на Европските вредности и развој на локалната заедница.
Европска Куќа Скопје користи различни форми на активности, а посебно е активна преку клубови, форуми и комисии во проектите кои според потребите се групираат во работни програми за специфични потреби.
Европска Куќа Скопје е активна преку:

  • младинскиот клуб,
  • клуб на волонтери,
  • форум за одржлив развој,
  • форум за култура и уметност,
  • еколошки форум,
  • форум за политички прашања,
  • форум за регионална соработка,
  • форум за економски прашања,
  • форум за етнички прашања.

Специфични форми на активности на Европска Куќа Скопје се работилниците, јавните дебати, кампањи, истражување, издаваштво (во печатена и електронска форма) како и други форми на активности во согласност со целите на организацијата.

Sector for European Integration
На почетна
© 2004. Европска Куќа Скопје