Формирање на Националниот Комитет
Македонскиот Национален комитет на Европа во школо претставува платформа од претставници на релевантни институции и истакнати граѓани кои учествуваат во активностите предвидени со меѓународниот проект Европа во школо, а во рамките Форумот за образование при Европска Куќа Скопје.
Националниот Комитет на Европа во школо се конституираше на 1 април 2004 година. Како членови се делегирани претставници од следниве институции:
Веселинка Иванова |
|
Министерство за образование и наука |
Софка Коцева,
Петре Наневски,
Блага Панева
|
|
Биро за развој на образование |
Агон Демјаха |
|
Балканска фондација за деца и млади |
Тони Масевски,
Зоран Димитров
|
|
Европска куќа Скопје |
Виолета Живковска |
|
Агенција за млади и спорт |
Јован Ценев |
|
Македонски комитет на Европски младински парламент |
Пане Коцевски |
|
Сојуз на ликовни педагози на Македонија |
Гоце Цветановски |
|
Сојуз на друштва за македонски јазик и литература |
Јордан Гиров |
|
Сектор за Европски интеграции на Влада на РМ |
Националниот комитет по формирањето работеше на спроведување на пилот натпреварот, според активностите кои ќе бидат објаснети подолу.
Пилот натпревар
Пилот натпреварот се спроведе во десет средни училишта. Целната група на натпреварот беа ученици од I-IV година од државните средни училишта утврдени претходно. Учениците се натпреваруваа во две категории и тоа :
- натпревар во литература и
- натпревар во ликовна уметност
Учесниците доброволно се пријавија за учество на натпреварот на база на претходно објавен конкурс за учество кој ги дефинираше правилата на натпреврот. Деталите околу содржинатана конкурсот и временската рамка на пилот натпреварот беа дополнително утврдени. Победниците на ниво на средно училиште влегоа во конкуренција за избор на најдобар труд на национално ниво во секоја од категориите. Финалните победници беа прогласени на церемонијата за доделување на наградите по повод прославата на 9 ти Мај, Денот на Европа.
Церемонија за доделување на награди
На оваа церемонија бидат објавени победниците во двете категории на кои им беа врачени пригодни награди. Младите автори од категоријата на литературниот натпревар ја пратија својата порака до граѓаните со читање на своите дела. Пригодни обраќања по повод успешно завршување на натпреварот земаа истакнати личности од јавниот живот од земјата и странство. Ликовните творби на победниците на училишно ниво беа изложени во оваа пригода и на свој начин ја презентираа идејата за обединаета Европа.
Долгорочни активности
 Со започнувањето на учебната 2005/06 година Македонскиот Национален Комитет ќе отпочне со спроведување на проектот на Европа во школо на годишна основа во согласност со врменската рамка на проектот пропишана од Европскиот Комитет на Европа во школо. Формите на учество и нивниот интензитет ќе биде утврден од Националниот комитет. |