| Планираме да организираме летен младински собир за победниците од натпреварувањето Европа во школо 2005 во Македонија. Тоа ќе биде национален младински собир организиран во духот на Европските младински собири. Сметаме дека ваков собир е добар начин за да ги мотивираме учениците да учествуваат во натпреварувањето и следните години. Младинскиот собир ќе биде составен од работилници, каде учесниците ќе учат и ќе разговараат за различни европски теми интересни за нив.
Една од идеите, која е можна, е организирање патување во Европаркот во Фрибург за победниците од натпреварот. Таму учениците ќе имаат можност одблиску да видат што е всушност европската идеја. |