asjdkhakjshdдкјахсдкјахсдкјсахд |

|
Европскиот совет го поздравува мислењето на Комисијата за апликацијата на Република Македонија за садфхасгфафсгјхфна Република Македонија, земајќи го во вид особено значителниот напредок направен со заокружувањето на законодавната рамка поврзана со Охридскиот рамковен договор, како и нејзините постигања во спроведувањето на Спогодбата за асоцијација и стабилизација (вклучувајќи ги и трговските одредби) од 2001 година.
Европскиот совет појаснува дека натамошните чекори ќе се разгледуваат земајќи ги при тоа предвид: дебатата за стратегијата за проширување, како што е тоа утврдено во Заклучоците на Советот на 12 декември 2005 година, исполнувањето на политичките критериуми од Копенхаген од страна на Република Македонија; барањата на Процесот за стабилизација и асоцијација и ефективното спроведување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација; како и потребата од натамошен значителен напредок за да се одговори на другите прашања и критериуми за членство содржани во Мислењето на Комисијата и спроведувањето на приоритетите од Европското партнерство, врз основа на определени показатели. Апсорпциониот капацитет на Унијата исто така мора да се земе предвид. Европскиот совет ја поканува Комисијата да известува за развојот на настаните во идните извештаи за напредокот. |
|
|
Извадок од Заклучоците на Претседателството на Европскиот совет во Брисел 17.12.2005 |

|
Европскиот совет го поздравува мислењето на Комисијата за апликацијата на Република Македонија за членство во ЕУ. Советот го поздравува и значителниот напредок што го направи Република Македонија во насока на исполнување на политичките критериуми поставени од Европскиот совет во Копенхаген во 1993 година и барањата од Процесот за стабилизација и асоцијација поставени од Советот во 1997 година.
Имајќи ја предвид анализата на Комисијата, Европскиот совет одлучи да и додели кандидатски статус на Република Македонија, земајќи го во вид особено значителниот напредок направен со заокружувањето на законодавната рамка поврзана со Охридскиот рамковен договор, како и нејзините постигања во спроведувањето на Спогодбата за асоцијација и стабилизација (вклучувајќи ги и трговските одредби) од 2001 година.
Европскиот совет појаснува дека натамошните чекори ќе се разгледуваат земајќи ги при тоа предвид: дебатата за стратегијата за проширување, како што е тоа утврдено во Заклучоците на Советот на 12 декември 2005 година, исполнувањето на политичките критериуми од Копенхаген од страна на Република Македонија; барањата на Процесот за стабилизација и асоцијација и ефективното спроведување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација; како и потребата од натамошен значителен напредок за да се одговори на другите прашања и критериуми за членство содржани во Мислењето на Комисијата и спроведувањето на приоритетите од Европското партнерство, врз основа на определени показатели. Апсорпциониот капацитет на Унијата исто така мора да се земе предвид. Европскиот совет ја поканува Комисијата да известува за развојот на настаните во идните извештаи за напредокот. |
|
|
Македонија доби зелено светло за кандидатурата за членство во ЕУ |

|
Европска комисија денеска даде позитивно мислење за кандидатурата на Македонија за членство во Европската унија. Еврокомесарот за проширување Оли Рен на прес конференција во Брисел рече дека Комисијата едногласно препорачува Македонија да добие статус на кандидат за членство во ЕУ. Повеќе... (Англиска верзија - Final opinion Macedonia.pdf) |
|
|
Европа во школо |

|
Нашата сегашност е одбележана со длабоки промени. Заедничкиот раст на Истокот и Западот, проширувањето на Европската Унија, брзиот научен и технолошки прогрес и ефектите од глобализацијата, имаат силно влијание на нашето секојдневие. Европските народи мораат да ги зголемат и обединат нивните напори со цел да обезбедат демократски политички поредок и да ги почитуваат човековите и граѓанските права, да ја зацврстат социјалната солидарност, да ја зголемат благосостојбата, што ќе резултира со обезбедување на мирот.
Она за што ние веруваме дека е вистински чекор понапред кон Европската идеја е поттикнување на најмладите да размислуваат во оваа насока и да ги градат своите вредносни системи согласно истата. За да ова се оствари на начин со кој нема да биде ограничена нивната слобода на размислување и творење ние го имплементиравме во нашиот образовен систем проектот Европа во школо. Повеќе... |
|
|
|
|
Семинар |
|

|
„Човекови права и слободи во Југо-Источна Европа – Проблеми и решенија“
21-25 јануари 2005, Скопје, Македонија Повеќе..
Од 21-ви до 25-ти јануари, во Скопје, Македонија, ќе се одржи младински семинар на тема Човекови права и слободи во Југо-Источна Европа, на која ќе земат учество 24 НВО активисти од следниве земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија и Србија и Црна Гора.
За овој семинар, овие млади активисти во текот на изминативе два месеци прибираа информации за состојбата со човековите права и слободи во нивните земји.
Овие информации во форма на извештај ќе бидат презентирани на почетокот на семинарот, а презентациите ќе бидат придружени со предавања од страна на експерти од областа на Човековите права и слободи. Она што ќе следи се работилници на кои че се предлагаат решенија за детектираните проблеми.
По завршувањето на семинарот ќе се оформи мрежа од организациите учесници на семинарот, која понатаму ќе работи на подобрување на состојбата со Човековите права и слободи во регионот.
Во соработка со:

|
|
|
|
|
Кампања против конфликти на фудбалските стадиони: Една боја прави ТИМ, две бои прават ИГРА |
|

|
Нашата организација Европска Куќа Скопје во партнерство со Спортски Центар - Скопје ја подржа неделата на акција на Фудбалот против расизмот во Европа инацирана од организацијата FARE (Football Against Racism in Europe).
Нашита активност се состоеше од делење на летоци на наколку фудбалски натпревари во Македонија.
Повеќе...
За време на подготовките на овие активности ние ја контактиравме Фудбалската Федерација на Македонија при што заклучивме дека се одзиваме на мошне актуелен проблем. Имено многу фудбалски натпревари се одвиваат без публика бидејќи некои од тимовите се казнети на тој начин за лошото однесување на нивните фанови за време на натпреварите.
Дел од летоците беа поделени од страна на волонтери од Европска Куќа Скопје и Спортски Центар Скопје, на фудбалскиот натпревар помеѓу Маџари - Работнички а поголем дел беше предаден на билетарниците кои пак со секоја карта предаваа леток на натпреварите во Прилеп, Тетово и Гостивар.
Додека ги делевме летоците посетителите често не пофалуваа за нашата активност, почитувајќи го тоа што ние се обедуваме да ја намалиме конфликтната атмосфера на фудбалските стадиони, за што претходно никакви мерки на биле превземени.
Полицијата, пак, што беше присутна на натпреварот истотака ја пофали нашата активност коментирајќи дека текстот на летокот е креативно осмислен неоставајќи можност за иницирање на негативни чувства туку истиот може да придонесе за позитивното расположение на публиката. Вработените на стадионите како и самите играчи истотака го изразија нивното позитивно мислење за нашата активност.
Целиот натпревар се одвиваше во најдобар ред, а фактот дека после натпреварот летоците не беа расфрлани по стадионот беше за нас уште еден вид на пофалба.
|
|
|
|
Европа во школо |

|
Победниците од натпреварот Европа во школо во Република Македонија, Станко Илиќ Попов-Литература и Младен Цветков-Ликовно, учествуваа на летниот собир во Стразбур. Проследете ги нивните импресии од престојот таму... Повеќе... |
|
|
Младински тренинг курс |
|

|
Младински тренинг курс за организациски менаџмент и градење капацитети на младински невладини организации
17-24 јуни 2004, Охрид Р.Македонија Повеќе...
(Само во Англиска верзија)
>>> ФОТОГАЛЕРИЈА <<< |
|
|
|
54-та годишнина од Шумановата декларација |

|
Проектот се состои од интернационална конференција и церемонија на која ќе се доделуваат награди на најдобрите дела од натпреварот Европа во школо.
Конференцијата ќе ја возвишува пораката на Шумановата декларација во контекст на Европската унија и Југо-Источна Европа, во присуство на истакнати европски и македонски политичари и претставници.
Што се однесува на церемонијата на доделување на награди, таа ќе ја возвишува европската порака од аспект на младината.
Првонаградените ќе одржат говори преку кои ќе ја испратат својата европска порака на граѓаните на Македонија. На овој начин и постарите ќе имаат можност подетално да се запознаат со европската идеа. Повеќе... |
|
|
|
| |
|